ШТО Е АКТУЕЛНО НА КАРИЕРА.МК? Огласи за вработување од над 4000 компании од регионот
KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование. Погледнете кои огласи се актуелни во моментов.
Овaа недела издвојуваме најпосетени огласи за вработување на сервисот Кариера.мк. Од анализите на тимот на Кариера.мк пренесуваме резултати за популарноста на одредени огласи кои најдобро котираа оваа недела.
KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование. КАРИЕРА.мк како веб сервис кој ги спојува компаниите со најсоодветните кандидати за вработување на сите студенти од маркетинг областа им овозможува платена летна пракса.
Agile Pro Solutions (APS) со седиште во САД моментално го зголемува својот тим во Скопје. АПС е во потрага по посветен претставник за продажба на финансиски услуги, кој е поттикнат да продолжи со напорите на организацијата во услужувањето на нивните клиенти и во обезбедувањето финансиски консултации и менаџмент. AGILE PRO SOLUTIONS исто така Ве поканува на отворен ден на 16 март кој ќе ви помогне да ја започнете својата кариера!
Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација – Balkan Finance Investment Group. Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – EAST GATE MALL
БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА, првиот приватен медицински бренд во Р. Македонија кој успешно работи веќе 29 години, објавува оглас за следниве работни позиции:
БОЛНИЧАР: ГРИЖА И НЕГА ЗА ПАЦИЕНТИ
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, ГРИЖА И НЕГА ЗА ПАЦИЕНТИ
Лапласт-М е фирма со 30-годишна традиција на успешно производство и монтажа на производи за заштита од сонце. За сите тие години Лапласт-М ја проширува својата дејност и освојува нови пазари со сѐ побогата понуда на разновидни и пред сѐ, квалитетни производи за заштита од сонце. Во моментов вработува:
МОНТЕР НА ТЕНДИ И УРБАНА ОПРЕМА
Glassflex – фабрика за преработка на стакло во ТИРЗ ТЕТОВО, Желино има потреба потреба од повеќе работни позиции. Погледнете ги сите ТУКА.
Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги, која веќе 15 години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. Поради зголемениот обем на работа и нови проекти, Агенција Рејтинг бара:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА НА СРПСКИ ЈАЗИК
Quipu е компанија за ИТ консултантски услуги и развој на софтвер, која обезбедува сеопфатни решенија за банките и финансиските институции, од електронски плаќања до софтверски системи. Во моментов вработува SOFTWARE DEVELOPER (M/F/D)
Вo октомври 2012 година е отворен Trend Food Bar кој служи автентична вкусна храна и голем избор на пијалаци. Исто така постојат и гурмански сендвичи, салати и свежи цедени сокови кои може да ги изберете. Голем спектар на десерти и вегетеријански опции се исто така достапни. Види ги сите отворени работни места ТУКА.
Повеќе од 70 години компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прерасна во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти во над 40 земји. Раде Кончар – Контактори и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации. Во моментов вработува на следниве работни позиции:
РАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНТАКТИ СО АВТОГЕНО ГАСНО ЛЕМЕЊЕ
Allocate Software е водечки меѓународен снабдувач на софтвер за управување со човечки капитал. Во моментов вработува на следниве работни позиции:
LeGrand Casino останува едно од првите и најдобрите казина во Северна Македонија, главна дестинација за пошироката јавност, бидејќи казиното континуирано се oбновува и подобрува повеќе од 25 години од отворањето во Скопје и во Битола. Зачувувајќи ја традицијата, но сепак секогаш иновативни. Во моментов вработува ШАНКЕР.
РЕСОРТ МАВРОВО е планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (хотел „Бистра“, хотел „Спорт“ и хотел „Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово“) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња. Нивните вработени се нивното лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како нивни пријатели. Во моментов вработува на следниве работни позиции, погледни ги сите ТУКА.