ШТО ДОБИ СДСМ ОД ЛАГИТЕ ЗА СИНОТ НА МИЦКОСКИ? Детето заслужува извинување

Бараме од СДСМ јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и со лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш, порача Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

270

Антикорупциска комисија го распрсна меурот од лаги на СДСМ за синот на премиерот Христијан Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.






Наодот на ДКСК дека синот на премиерот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДСМ да креираат лажна фама. Што добија социјалдемократите? Само неколкунеделна креирана политичка магла. А што доби народот? Можеше да види дека во СДСМ ништо не се сменило. Кој е најмногу оштетен? Синот на премиерот Мицкоски, кој неосновано без никаква причина беше подлежен на канонада навреди и клевети инструирани од СДСМ. Мора да потенцираме дека синот на премиерот не го придружувал на ниту една официјална средба и не бил сместен во истите хотели во кои била сместена владината делегација. СДСМ лажеше и свесно креираше меур од лаги, кој сега се распрсна и може да се види колку се мизерни, безидејни и деструктувни. СДСМ наместо да биде конструктивна опозиција, тие четири месеци поминаа во лаги и манипулации. Бараме од СДСМ јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и со лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш – порача Лефков.

ПРОСТИ МИ СИНКО, КРИВ СИ САМО ЗАШТО СИ МИ СИН Мицкоски со коментар по одлуката на Антикорупциска за патувањето во САД

Поврзани содржини