ШТО ДА СЕ ПРАВИ КОГА 4-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ СРЕДЕН ПРСТ? Луѓето го критикуваат таткото кој се смее, а што мислите вие?
Луѓето го критикуваат таткото кој се насмеал откако четиригодишното девојче му го покажало средниот прст. Видеото на ТикТок е прегледано 6,7 милиони пати
Четиригодишно девојче стана ѕвезда на социјалните мрежи откако му го покажа средниот прст на својот татко затоа што ја задева. Ниа Матанги во вирално видео ја покажа својата дрска страна и целата ситуација поттикна некои да го критикуваат нејзиниот татко Илај.
Малото девојче се расплакало откако нејзината сестра случајно ја удрила додека играле рагби, што го поттикнало нејзиниот татко да ѝ каже дека треба да зацврсне.
„Да зацврснам? Замолчи“, му одговори Ниа на својот татко, а потоа му го покажа средниот прст и продолжи да плаче. Илај гласно се смее и додека некои од луѓето кои го гледале видеото кое на Тик Ток има 6,7 милиони прегледи, мислат дека е смешно, други го критикуваат заради тоа.
„Премногу е добра“, „Ме насмеа до солзи“, „Ќе бев казнет 10 години ако им го направев ова на моите родители“, „Зошто се смееш на ваквото однесување“, се коментарите на некои од луѓето, а Илај решил да одговори на некои од нив.
Видеото и одговорот на таткото можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.