ШТО Ѝ ДА НАПРАВИ ЗАЕВ ЌЕ ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ Опозицијата бара да ги прифати оставките на Филипче и на Хасани

Стравот од пораз е очигледен и Заев знае дека ќе изгуби. Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри кои дел биле веќе градоначалници, а дел смениле по неколку државни функции, само 5 отсто се нови кандидати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

1,497

Заев да не развлекува и да ги прифати оставките на министерот за здравство и на заменикот, Венко Филипче и Илир Хасани, изборите секако ќе ги загуби што ѝ да направи. Видовме дека Заев нема ништо ново да понуди, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев за ТВ24.

– Стравот од пораз е очигледен и Заев знае дека ќе изгуби. Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри кои дел биле веќе градоначалници, а дел смениле по неколку државни функции, само 5 отсто се нови кандидати. Во ВМРО-ДПМНЕ е спротивно. 95 отсто се нови кандидати. Заев не нуди ништо ново. Заев нуди враќање во проблеми и поделби – смета ВМРО-ДПМНЕ.






Според опозициската партија Заев покажал дека има недостаток на чувство за одговорност и ја гледа само својата лична комоција, Заев покажал дека не трпи различно мислење и го шиканира секој еден кој слепо не го следи.

– Тоа е матрицата на Заев, затоа се повеќе членови на СДСМ како Максим Димитриевски се отргнуваат од него. Заев цело интервју не кажа ништо ниту за криминалот на Шилегов, Весковски и остантите кандидати на СДСМ, кои видовме дека ја користеле функцијата за местење тендери – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини