Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, на милијардерот Ворен Бафет, по повод неговиот 90-ти роденден му направил торта „орео“.
Гејтс на Твитер објавил видеоснимка со која му се обратил на пријателот Бафет. На површината на тортата бил исцртан ликот на Бафет, пренесува Си-ен-ен.
– Ворен, среќен 90-ти роденден – му порачал Гејтс.
Бафет е познат по тоа што сака слаткo и пие многу кока-кола, каде е и голем инвеститор, а има и своја фабрика за слатки. Како што наведува Си-ен-ен, Гејтс и Бафет се долгогодишни пријатели.
Затоа, Гејтс одлучил да направи торта орео“. На својот блог напишал дека еднаш го затекнал Бафет додека го јадел омилениот десерт за појадок – орео.
Happy 90th birthday, Warren! pic.twitter.com/8nH2EulTR4
— Bill Gates (@BillGates) August 30, 2020