Што би сториле ако сега ја снема короната? „Ќе ги изнагушкам родителите, се надевам дека и децата ќе ми дојдат да ме гушнат мене“

Замислете, утре се будите од спиење и дознавате дека повеќе нема ковид-19, а тоа значи дека повеќе не се потребни маски, средства за дезинфекција, ограничувања, протоколи. Што најпрво би направиле?
Ова прашање им беше поставено на корисниците на социјалните мрежи ширум земјава, а свој одговор дадоа над 600 луѓе. Во коментарите најчесто можат да се прочитаат емотивни одговори: „Ќе си ги гушнам баба и дедо најсилно на цел свет, оти ги немам гушнато уште од април“. Има и такви кои велат дека уште истиот ден би го подготвиле куферот и би отпатувале некаде далеку: „Купувам авионски билети, дестинацијата не ми е важна“. И, секако, има и смешни коментари: „Пак на раат ќе ги лижам шипките во автобусите на ЈСП“.
Во продолжение, ви пренесуваме дел од коментарите кои заслужуваат да бидат објавени: