ШТО БЕА ЗЕЧЕВИЌ, ДИМОВСКИ И МУСЛИУ ОСВЕН ИСТАКНАТИ СДСМОВЦИ Безбедносните служби повеќе не се партиски испостави, реагира ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ ги партизираше најклучните институции за државната безбедност, како Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и УБК, а под раководство на ВМРО-ДПМНЕ овие институции ќе бидат раководени од професионалци, реагира владејаќката партија на барањата на СДСМ да биде разрешен новиот директор на АНБ Бојан Христовски.
СДСМ покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови, реагира утрово ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската партија за партизација на институциите. Преку соопштение СДСМ бара да биде назначен нов директор на Агенцијата за национална безбедност, затоа што, според партијата, новопоставениот Бојан Христовски нема соодветен безбедносен сертификат.
Од ВМРО-ДППМЕ, пак, возвратија дека претходниот директор на АНБ Виктор Димовски е пример како претходната власт ги партизирала институциите.
„СДСМ се видени и прочитани дека единствено што знаат на власт е да лажат, манипулираат, да ги злоупотребуваат и партизираат институциите. Не за џабе кај народот се познати како симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот. Од нивната лакомост да злоупотребуваат и партизираат не ги поштедија ни едни од најклучните институции, кои се столбовите за државната безбедност, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски беше долгогодишен партиски функционер и тоа на највисоките тела на СДСМ, меѓу кои на нивниот Извршен одбор, а беше член и на нивниот Дипломатскиот совет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Димовски ги креирал политиките на СДСМ и учествувал на јавни настани и на партиски дебати.
„СДСМ ја партизираше и Агенцијата за разузнавање со назначувањето за директор Еролд Муслиу, кој, злоупотребувајќи ја позицијата, агенцијата ја претвори во нивен партиски штаб. Потсетуваме и за партизацијата на УБК кога СДСМ за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар“, се вели соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата, додава владејачката партија, е одлучна да ја врати довербата на граѓаните во институциите и затоа приоритет е стручноста, професионалноста и компететентноста на кадрите.
„Така се постапува и при изборот на раководните кадри во во безбедносните служби, кои ќе го вратат професионализмот и интегритетот во служби и истите ќе работат независно за заштита на државните интереси“, соопшто центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
- НА БОЈАН ХРИСТОВСКИ МУ БИЛА НАНЕСЕНА НЕПРАВДА Мицкоски вели дека тој сега има безбедносен сертификат
Од СДСМ, пак, реагираат дека АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот.
„Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сетрификат `Државна тајна` и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска диркетива беше назначен за директор на АНБ. Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на волку висока позиција. Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на aнглиски јазик, затоа што приложил uверение од училиште во Пловдив, Бугарија, а во Пловдив воопшто нема ТОЕФЛ центар за тестирање, соопшто СДСМ.
Партијата прашува и дали Христовски има 5 години стаж на раководни позиции согласно законските услови?
„Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година. ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите, а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури. СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми“, соопшти СДСМ.