„ШТО БАРААТ МИЦКОСКИ И МИЛОШОСКИ ВО ДРУШТВО СО ДИЛЕР НА КОКАИН ОД ГРЧЕЦ?“ Посочениот на оваа фотографија е уапсен во акција на МВР, тврди СДСМ
Со какви луѓе е опкружен Мицкоски? Претходно истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски – се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ објави фотографија на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во душтво на повеќе лица, меѓу кои, како што се тврди, и извесен М.А. од Грчец, уапсен за трговија со дрога.
„После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал. Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3. декември оваа година, а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.
На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски. Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога? Многу бело се насобра околу ДПМНЕ. Пукаат скандали тоа со дрога секој ден.
Претходно истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е“, се вели во соопштението од СДСМ.
СДСМ уште прашува зошто Мицкоски цела не одговара на прашањата што договарал Мицкоски на средбите со осомничениот за убиство Љупчо Палевски, за кого тврди дека бил „близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити“.
„Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.
Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски“ – се вели во соопштение на СДСМ.