ШТО БАРААТ АРМИСКИ ИНСТРУМЕНТИ НА ПАРТИСКИ МАРШ НА СДСМ? Што ќе преземе Пендаровски за оваа злоупотреба, прашува пратеникот Ковачки

Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДСМ – прашува пратеникот Ковачки.

2,672

Музички инструменти кои му припаѓаат на воениот оркестар на АРМ биле користени на партиски марш на СДСМ, а истовремено за настанот се ангажирани офицери од воениот оркестар, тврди Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки објавува фотографија од настанот и упатува јавно прашање до претседателот на државата Стево Пендаровски.






Ајде врховен команданте Стево Пендаровски, (уште 60 дена) одговорете што ќе преземете во врска со злоупотребите и рушењето на професионалните стандарди во АРМ?

Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДСМ?

По чија наредба офицери на воениот оркестар поддржуваат партиски настан?

Има ли дневници за ангажираните офицери на партискиот собир?

Во која друга држава на НАТО е дозволена ваква злоупотреба“ – прашува Ковачки.

 

 

Поврзани содржини