ШТО БАРА ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ КАЈ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА? Милошоски тврди дека Груби се обидува да го покрие своето незаконско работење
Во изминатава година вицепремиерот Артан Груби потпишал четири одлуки, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се незаконски и затоа е ова брзање да се измени Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби – рече Милошоски.
Уште еднаш се злоупотребува европското знаменце за закон којшто нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чиишто фирми се наоѓаат црната листа на САД – изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
– Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконски, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во коишто во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби – рече Милошоски.
Ова е приватизација на игрите на среќа, рече Милошоски, и ДУИ за жал, од партија којашто се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија на коцкарите и казината.
– Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, којшто дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските вложувања коишто Австрија ги има во овој сектор.
Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки коишто веќе ги потпишал. Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија. Сите тие одлуки се незаконски и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за којашто веќе има судски спор против државата Република Македонија – рече Милошоски.