ШТО АКО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ РАЗДАДАТ ПОЛОВИНА ОД ВАКЦИНИТЕ? Некои имаат и до пет пати повеќе од потребниот број (ВИДЕО)

Канада купила вакцини колку за пет пати повеќе од своето население, САД барем за два пати. Слично е и со Британија, Нов Зеланд, Австралија, Чиле и Европската Унија. Всушност, овие земји обезбедиле од 4 до 8,7 за еден свој граѓанин, што значи би можеле да раздадат половина од нив.

244

Богатите земји во светот можеби грешат што ги чуваат за себе резервите од вакцини бидејќи тоа им дава само краткорочна корист, додека за остатокот од светот тие би значеле многу. Истражување објавено во Nature Human Behavior вели дека кога во следните пет години богатите земји би отстапиле половина, односно 46 отсто од своите вакцини на сиромашните земји, тоа значително би ја намалило смртноста и шансата да се појавуваат нови вируси, пишува НаученАларм.

Покрај тоа, споделувањето вакцини, исто така, би го ограничило бројот на бранови на пандемијата, велат научните модели. Со други зборови, пандемијата побрзо би завршила. Во меѓувреме, Канада купила вакцини колку за пет пати повеќе од своето население, САД барем за два пати. Слично е и со Британија, Нов Зеланд, Австралија, Чиле и Европската Унија. Всушност, овие земји обезбедиле од 4 до 8,7 за еден свој граѓанин, се вели во следното видео.






„Поострите разлики во распределбата на вакцините помеѓу богатите земји (HIC) и оние со средни и ниски приходи (LMIC) доведуваат до поранешни и поголеми епидемии на нови бранови. Правичните стратегии за распределба на вакцините, наспроти тоа, значително го спречуваат ширењето на нови соеви“, се вели во студијата.

Богатите повеќе ги чини што не ги дадоа вакцините

Новите соеви делта и омикрон ни покажаа дека никој не е безбеден додека сите не се безбедни и дека чувањето на вакцините за себе е контрапродуктивно за богатите. Исто така, земјите со високи приходи не можат да се заштитат од проблемите со преминувањето на нивните граници, дури ни со високо вакцинирана популација.

На крајот, неделењето вакцини ги чини повеќе од борбата да ги одржат своите граѓани здрави.

„Многу истражувачи и експерти за јавно здравје предупредија на негативните последици од глобалната нееднаквост во вакцините“, објаснуваат истражувачите. „Пандемиите не познаваат граници, а јавно-здравствените и економските трошоци од неправедната распределба на вакцините на крајот ќе ги сносат сите земји“.

Проблемот е, што откако ќе ги добиеме вакцините на подарок?

Истражувачите ги разгледале од типот на глобално движење на луѓето, ефикасноста на вакцините и вирусната еволутивна динамика за да видат како ќе функционираат различните шеми на дистрибуција на вакцини, а испитувале разни сценарија каде што вакцините се трупани кај богатите земји, во споредба со тоа кога тие биле споделувани.

До крајот на 2021 година, 31 различни вакцини беа одобрени од најмалку една земја во светот, со администрирани околу 9 милијарди дози (тоа се околу 116 дози на секои 100 луѓе на планетата). Се покажа дека е можен силен одговор на вакцината на ковид-19 – но, тој мора да се применува насекаде.

Секако, постои еден проблем. Истражувањето не може да предвиди колку брзо секоја земја ќе ги вакцинира своите граѓани откако на подарок ќе ги добие вакцините од богатите земји.

Поврзани содржини