ШТО ЈАДЕМЕ: КАШКАВАЛ ОД МЛЕКО ИЛИ ОД ПАЛМИНО МАСЛО? Како да знаете дали сте купиле вистински кашкавал?
Со неколку едноставни трикови, можете да препознаете дали сте купиле лажен кашкавал
Кога велиме вистински кашкавал, не мислиме на тоа дали е направен според оригиналната рецептура, туку дали e навистина направен од млеко.
Кашкавалот е посебен вид сирење и се прави од овчо или кравјо млеко, се мешаат кравјо и овчо млеко, а се прави и од козјо млеко, чисто или мешано со кравјо млеко. Сепак, прехранбената индустрија често знае да нè измами.
За да добиеме килограм кашкавал, потребни ни се околу пет литри млеко. Како и секоја друга храна, сирењето и неговото производство подлежат на разни проверки и мораат да поминат разни тестови сè додека не се најдат пред потрошувачите.
Како да препознаете фалсификуван кашкавал?
– Допрете го кашкавалот и разгледајте го – палминото масло му дава на кашкавалот светло жолта боја, додека бојата на вистинскиот кашкавал не е толку интензивна. Исто така, кашкавалот на кој му е додадено палмино масло е помеко на допир отколку вистинското.
– Тестирањето на кашкавалот можете да го направите и со ладен нож. Кашкавалот се остава на собна температура, а ножот во фрижидер. Ако при сечењето на ножот се задржи маснотија, кашкавалот е веројатно фалсификат, затоа што, за разлика од млекото, растителните масти се топат на собна температура.
– Најсигурна проверка е загревањето на кашкавалот во рерна. Вистинскиот кашкавал ќе се растопи по површината и ќе стане растеглив, додека фалсификатот буквално ќе исчезне – ќе се стопи.
Фото: Unsplash