ШТО ЈАДЕЛЕ ЗАТРУЕНИТЕ СТУДЕНТИ? Активист на УМС објави оброк од домот „Пелагонија“ (ФОТО)

Да биде иронијата уште поголема, оваа информација доаѓа само неколку недели откако премиерот Ковачевски го посети домот, вели Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

4,573

Сергеј Попов од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук објави фотографии од оброкот од кој, како што тврди, се затруле студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“. На фотографијата се гледаат тврдо варени, позеленети јајца и лупени виршли.

„Да биде иронијата уште поголема, оваа информација доаѓа само неколку недели откако премиерот Ковачевски најдрско и безобразно направи посета и краток документарен филм за да ја прикаже неговата грижа за студентите“ – напиша Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.






Организацијата „Студентски отпор“ денеска изутрина објави дека имало шест случаи на труење со храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Подоцна Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека испратила вонредна инспекција во домот, која ја затворила кујната и зела мостри за испитување.

Поврзани содржини