ШТИПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ОБВИНЕТИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ Употребиле „прекумерна физичка сила“ врз уапсен
Ги пријавил уапсен престапник врз кого полицајците прекумерно употребиле физичка сила.
Тројца полициски службеници во СВР Штип добија кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Ги пријавил уапсен престапник врз кого полицајците прекумерно употребиле физичка сила.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против Г.Ф., И. Х. и Б.Н., полициски службеници во СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавените во својство на полициски службеници, пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања на 01.09.2023 во 21 часот над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, неосновано и прекумерно употребиле физичка сила.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат преземени мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР“ – стои во известувањето од МВР.