ШТИПСКАТА БОЛНИЦА АНГАЖИРА 18 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ Следуваат нови вработувања на лекари, сестри и на фармацевти

Директорот на Клиничка болница - Штип, Владко Захариев, најави и нови вработувања – на неопределено време ќе бидат примени уште 18 здравствени работници, меѓу кои општи лекари, фармацевти и медицински сестри. Огласот веќе е завршен, а се разгледува и можноста за нов конкурс за технички персонал поради сериозен недостиг на речиси сите оддели.

597

Клиничка болница – Штип склучи договори за вработување со 18 приватни специјализанти кои во наредниот период треба да помагаат во работните единици согласно својата специјалност. Како што информира директорот на Болницата, Владко Захариев, на неопределено време ќе се вработат уште 18 лица.

– Заврши тој процес на прием на специјализанти, во моментот е склучен договор со 18 специјализанти од кои поголем дел се во втора половина на специјализација и се надеваме дека за 6 месеци, 5 до 6 колеги веќе ќе бидат специјалисти кои ќе можат да помагаат во работните единици на дадената специјалност – изјави Захариев.






Според него, на неопределено време ќе се вработат уште 18 лица – општи лекари, медицински сестри и фармацевти. Огласот завршил деновиве, а се прават напори за да се објави и нов оглас за вработување технички персонал зашто недостасува на речиси сите оддели.

– Тоа е за 18 вработувања, од кои 7 се за лекари по општа медицина, двајца фармацевти и 9 медицински сестри. Во план ни е во координација со Владата и со Министерствтото за финасии, ако се во можност да има и друг оглас кој ќе има поголем број на помошен медицински персонал – рече Захариев.

Проблемот со недостиг на перонал во болницата се провлекува со години, но се прават напори тој недостиг да се намали и да се вработат нови лица.

Поврзани содржини