ШТИП ЌЕ ДОБИЕ НОВ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ И СТУДЕНТСКИ ДОМ Договорот со Обединетото Кралство става на располагање 6 милијарди евра

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со договорто со Обединетото Кралство кој владаа ќе го потпише на 22 мај.

66

Нов медицински факултет во Штип и студентски дом со најмалку 200 легла се дел од проектите опфатени со новиот Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Договорот кој ќе го потпише владата на 22 мај, четврток, ќе стави на располагање 6 милијарди евра, како што велат од партијата, „најмногу средства до сега“.






„Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини