ШТИПЈАНКА ИЗМАМЕНА ОД НАВОДНА ГАТАЧКА Додека ги „растурала магиите“ го собрала накитот

33 – годишна жена од Штип пријавила дека во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од жена која ѝ ветила дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа.

222

33-годипна штипјанка во полиција пријавила дека била измамена од наводна гатачка, која ѝ ветила дека ќе ѝ ги „растури магиите“, но само ја измамила и ја ограбила.

„На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33 – годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето. По неколку дена откако штипјанката ја отворила крпата, забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена. Се работи на расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини