ЧАД ВЕЧЕРВА ГО ОБВИВА ШТИП Граѓаните да не излегуваат од дома, апелира кризниот штаб на општината
Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданв.
Штип вечерва е обвиен во чад поради беснее шумски пожар над Селце, Драгоево и Пиперово. Пожарникарите, Армијата и локалните доброволци се борат со пожарот. Кризниот штаб заседаваше и апелираше граѓаните да избеднуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вечерва истакна дека меѓу одлуките кои се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.
– Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси – вели Јорданов.
Меѓу одлуките на вечерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното Здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка , како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта.
Јорданов истакна дека уште во раните утрински часови сите институции, но и градежни компании и здруженија ќе бидат на терен, за да се прават обрачи околу селата и да се гасне огнот.