ШТИПЈАНЕЦ СО ТВРД ПРЕДМЕТ УДРИЛ ПОЛИЦАЈКА 29-годишникот насилник заврши во притвор

Вчера околу 23.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.В. (29) поради нарушување на јавниот ред и мир и напад врз службено лице.

343

Дваесет и деветгодишен маж од Штип беше уапсен синоќа во центарот на Скопје, откако со тврд предмет нападнал полициска службеничка која извршувала службени дејствија.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 26 април 2025 година, околу 23.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.В. (29) поради нарушување на јавниот ред и мир и напад врз службено лице.






Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини