ШТИПЈАНЕЦ СО НОЖ ЈА УБИ МАЈКА СИ СРЕДЕ НОЌ Убиецот бил пијан кога го извршил убиството

Трагедија во Штип – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, во алкохолна криза ѝ задал смртоносна убодна рана на својата 84-годишна мајка.

1,867

Рано утрово 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Според информациите, осомничениот е долгогодишен зависник од алкохол, а според блиски извори, имал проблеми и со коцкањето, поради што често барал пари од своите најблиски.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека настанот се случил на 8 август 2025 година, околу 02:00 часот, во семејниот дом во Штип. С.З. со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, по што таа починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.






„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје било пронајдено и одземено за натамошна постапка“, велат од полицијата.

Од МВР официјално потврдија дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик – убиство на близок роднина.

Сведоци велат дека пред да западне во алкохолна криза, С.З. бил успешен угостител во Штип, но зависностите го оддалечиле од бизнисот и од нормалното семејно функционирање.

Поврзани содржини