ШТИПЈАНЕЦ ПРАЗНЕЛ СТАНОВИ ВО СКОПЈЕ Крадецот е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава
21-годишникот од Штип е обвинет за три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин" и две „тешки кражби во обид", кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите.
Полицијата уапси 21-годишник од Штип кој крадел по станови во Скопје во кои влегувал преку балкон. На крадецот му е одредена мерка притвор и против него е поднесена кривична пријава.
Денеска (22.07.2024) лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови“ – информираат од МВР.