Штипјанец киднапира кучиња, а сопствениците ги пука со стрела (ФОТО)

Рече дека и нас ќе нè убиел и ден затвор немало да лежи. Кај се институциите да се огласат? Терор имаме по нашите домови“, напиша штипјанката Силвана Данева на Фејсбук.

1,853

Убиецот на миленици почна да ни ги зема кучињата од дома, буквално од ходник ми го зема кучето и пукаше по мене со стрела, напиша штипјанката Силвана Данева на Фејсбук.

„Кај се институциите и има ли закон овој убиец да се спречи? Ме нарече курва и секакви грдни зборови. Во Штип има ветеринара. Убиец, монструм, ни влегува по домовите и ни ги убива кучињата. Пријавив во полиција, има и пријава, но не ми го дава кучето. Собра уште пет кучиња и рече дека ќе ги убиел. Ништо не сум му можела, имал фамилија, бил водич во полицијата и партијата СДСМ била на власт. Рече дека и нас ќе нè убиел и ден затвор немало да лежи. Кај се институциите да се огласат? Терор имаме по нашите домови“, напиша Данева.






Поврзани содржини