Штипјанец инсталирал камера на гробот на својот син за да дознае кој го краде цвеќето (ВИДЕО)

Не можевме со сопругата да издржиме повеќе. Бевме во полицијата и се жалев, но ми рекоа дека штетата е мала и дека последиците за крадецот ќе бидат мали. Се жалев и во „Исар“, но во сите случаи крадецот беше поитар од чуварите - изјавил ожалостениот родител.

5,763

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син инсталирал камера за да види кој во претходните 4 години секојдневно ги краде свежо поставените цвеќиња, објави штипската телевизија Стар.

Како што изјавил тој, за целиот период од смртта на неговиот рано починат син, некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела на гробот.






– Не можевме со сопругата да издржиме повеќе. Бевме во полицијата и се жалев, но ми рекоа дека штетата е мала и дека последиците за крадецот ќе бидат мали. Се жалев и во „Исар“, но во сите случаи крадецот беше поитар од чуварите – изјавил ожалостениот родител за Стар.

Токму затоа, тој решил на гробот да инсталира камера и самиот да го фати крадецот. Па, не знаејќи што го чека, крадецот уште следниот ден се појавил на гробот, а како што истакнал родителот, станувало збор за возрасна жена.

Поврзани содржини