ДРОГА ВО ЏЕБОВИТЕ – На 29.08.2020 во 12,40 часот во месноста Буџак, атар на с.Милетино-тетовско во објект во изградба лишени од слобода биле Ј.С.(50), Б.Љ.(40) двајцата од Тетово и Џ.М.(55) од с.Милетино затоа што кај нив била пронајдена кафеава прашкаста материја. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
ТЕПАЧКА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 29.08.2020 во 13,10 часот М.М.(58) во Полициската станица Прилеп пријавил дека на 28.08.2020 околу 22,00 часот во обложувалница на ул„Мирче Ацев“ во Прилеп физички бил нападнат неговиот син Х.М. од А.Т и А.М. двајцата од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.
НАПАДНАТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ – На 29.08.2020 во 14,50 часот во Полициската станица Прилеп А.Ќ. (32) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на ул „Васко Карангелески“ бил физички нападнат неговиот син од И.Т. Се работи на расчистување на случајот
РАЗБОЈНИШТВО ВО АПТЕКА – На 29.08.2020 во 22,40 часот било пријавено дека во Тетово на ул.„Видое Смилевски Бато“ во аптека едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТУРНАТА СТАРИЦА – На 29.08.2020 во 10,45 часот било пријавено дека на 28.08.2020 околу 17,00 часот во Скопје додека З.З.(88) од Скопје била со нејзината сосетка А.В.(62) зет на сосетката ја турнал и таа се здобила со тешка телесна повреда констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.
КОЛЕГИ ИСТЕПАЛЕ КОЛЕГА – На 29.08.2020 во 17,40 часот Т.К.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„852“ во круг од фирма каде бил вработен како одговорно лице бил физички нападнат од вработените Р.С.(27) и Р.З.(22) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАД ВО СКОПЈЕ – На 29.08.2020 во 11,00 часот, Д.С.(56) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08,00 часот на ул.„50-та Дивизија“ Е.А. физички го нападнал. Се работи на расчистување на случајот.
БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА ПРЕКУ ГРАНИЦА – На 30.08.2020 во 01,38 часот во Ресен на ул.„Корчуланска“ кај место викано „Гранит“ на даден знак од полициски службеници не сопрело патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки туку продолжило со голема брзина кон Граничниот премин Стење. Потоа без да сопре удрило во рампата и продолжило со движење кон граничниот премин на територија на Р.Албанија каде и таму без да сопре го поминало преминот. Околу 02,25 часот на околу еден километер од границата возилото било пронајдено на територија на Р.Албанија. Се работи на расчистување на случајот.
СООБРАЌАЈКА КАЈ МЛАДО НАГОРИЧАНЕ – На 27.08.2020 околу 18,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.Д.(55) од Куманово удрило во паркирано товарно моторно возило „ивеко-тракер“ со скопски регистарски ознаки паркирано од В.Р.(39) од Скопје. Со повреди се здобил З.Д. кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал.
НАПАДНАТ СИН – На 30.08.2020 во 04,50 часот Е.Х.(40) од Скопје, пријавила дека на 29.08.2020 околу 22,30 часот на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
ИСТЕПАН ПРЕД СЕНДВИЧАРНИЦА – На 29.08.2020 во 23,30 часот Е.З.(21) од Штип и пријавил дека во Штип на ул.„Маршал Тито“ пред сендвичара бил физички нападнат од Џ.К.(56) и А.К.(51) двајцата од Штип. Се работи на расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА И ВО КОЧАНИ – На 29.08.2020 во 01,30 часот било пријавено дека на ул.,,Никола Карев“ во Кочани во близина на кафе-бар А.С. од Кочани физички ги нападнал Т.Т. и С.Т. од Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
ОГРАБЕН ТАКСИСТ – На 29.08.2020 во 23,30 часот Р.С.(63) од Струмица пријавил дека во Струмица додека превезувал едно лице во неговото такси возило, тоа најпрво му ги одзело клучевите од бравата, а потоа со закана со нож му го одзел мобилниот телефон по што го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ВЕЛЕШКО – На 29.08.2020 во 21,00 часот Н.П.(20) од Велес пријавил дека додека бил во викенд куќа во близина на мост Башино село, заедно со С.Б. и К.Д. во дворот дошле Д.Т., А.А., Х.М. и неколку други лица и Д.Т. го удрил Н.П. со тврд предмет. Потоа Д.Т. и другите лица почнале да удираат по возилото кое било паркирано во дворот и го оштетиле. Се работи на расчистување на случајот.
ЗАИГРАЛЕ ПИШТОЛИ ВО ГОСТИВАР – На 29.08.2020 во 16,00 часот било пријавено дека Д.Н.(38) и неговиот брат Б.Н.(46) од Гостивар во населбата Млаки по претходна расправија биле физички нападнати од Б.А., К.А и уште две лица, а едно од лицата, според пријавата, извадил и пиштол и го вперил кон нив. Се работи на расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО БИЛЈАРД КЛУБ – На 29.08.2020 во 12,45 часот Д.К.(73) од Прилеп пријавил во Полициската станица Прилеп дека истиот ден околу 10,30 часот во билјард клуб лоциран во Градскиот пазар во Прилеп, бил физички нападнат од Л.С. Се работи на расчистување на случајот.
НАТЕПАН ПРИЛЕПЧАНЕЦ – На 29.08.2020 во 15,10 часот во Полициската станица Прилеп Р.С. (38) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот бил физички нападнат од З.У и З.У. Се работи на расчистување на случајот.
УШТЕ ЕДЕН СИН ИСТЕПАН – На 29.08.2020 во 15,30 часот И.Е. (47) од Прилеп пријавила во Полициската станица Прилеп дека истиот ден околу 01,00 часот на ул. „Шар планина“ од непознато лице бил физички нападнат нејзиниот син. Се работи на расчистување на настанот.
ОГРАБЕН БАНКОМАТ – На 29.08.2020 во 07,15 часот Е.Н. (43) од Кичево, пријавила во СВР Охрид дека била извршена тешка кражба на пари од банкомат на банка поставен во ходникот на деловен објект во Кичево, на ул. „Магистрален пат“ каде се сместени маркет и продажен салон. Од полициски службеници од Полициската станица Кичево било излезено на местото на настанот, при што било констатирано дека кражбата била извршена ноќта на 28/29.08.2020 во временскиот период од 22,00 до 07,00 часот. Се работи на расчистување на случајот.
(ДЕЛ ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ЗА 30.08.2020)