„ШТЕТНО Е КОГА НЕВОСПИТАНО ЛИЦЕ ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ОДГОВОРНА ФУНКЦИЈА“ Советникот Пановски ѝ се налути на Данела
Основно во животот е домашното воспитување, ако го немате се е џабе, односно крајно штетно ако такво лице се најде на одговорна позиција“, напиша Пановски.
Професорот д-р Никола Пановски, кој е советик во Советот на Град Скопје со пост на социјалната мрежа Фејсбук објаснува како изгледа еден ден на Совет каде е предвидено да има советнички прашања за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Тој вели дека година ипол градоначалничката се нема појавено на седница на совет да ѝ постават прашања.
„Не е за верување, ама вистина е!“, започнува доктор Пановски во својот пост на Фејсбук.
„Седници на Совет, за советнички прашања. Овој вид седници на Советот на Град Скопје редовно, веќе цела година се одржуваат, без на нив да се постави ниту едно советничко прашање! Овие седници според Закон се закажуваат еднаш на два месеци. Од кога пукна тиквата пред година и половина помеѓу Данела и оние кои до тогаш гинеа за неа, одржани се 7 седници кои одат по овој ресослед:
1. Претседателот на Советот со официјално писмо ја прашува градоначалничката во кој период од скедниот месец би и одговарало да се одржи седницата, и нуди 15 датуми. По недела дена, нема одговор, па повторно и праќа писмо, и така едно четири пати, одговор нема! Претседателот ја закажува седницата, на пример, денешнава ја закажа на 8.02.2024.
2. Службите на Советот за седницата ги повикуваат директорите на сите јавни претпријатија, јавни установи, средни училишта итн. во која пишува дека нивното присуство на седница за советнички прашања е задолжително.
3. Советниците и директорите доаѓаат редовно на седницата. Значи околу 100 лица ги напуштиле своите работни места, и еден (јас, единствениот пензионер) својот дом. Во 11.15 часот се отвора седницата и се усвојува дневниот ред со една точка: советнички прашања.
4. За збор се јавува координаторката на советничката група на ВМРО ДПМНЕ со став дека без присуство на градоначалничката нема да присуствуваат на седницата.
5. Претседателот дава пауза од 30 минути да се обезбеди нејзино присуство.
6. По паузата, претседателот констатира дека не е пронајдена градоначалничката.
7. За збор се јавува координаторката на советничката група на СДСМ и констатира дека и тие ќе ја напуштат седницата на која не е присутна Данела.
8. Претседателот заклучува дека нема услови за одржување на седницата, така да и ние дестмина, што би поставувале прашања и без присуство на градоначалничката, не сме во можност, нема кворум.
9. Сите стотина лица ја напуштаат салата.
Ова се повторува на секој два месеци идентично и трае повеќе од една година. Оваа малоумност веќе помина во традиција која изгледа ќе трае до крајот на мандатот. Основно во животот е домашното воспитување, ако го немате се е џабе, односно крајно штетно ако такво лице се најде на одговорна позиција“, напиша Пановски.