Штетата по земјотресот во Хрватска е поголема од 400 милиони евра

342

Според последните податоци, причинетата штета по земјотресот во Хрватска изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се речиси девет илјади објекти.

Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи.






Голем број граѓани денови и ноќи и понатаму минуваат на отворено на ниските температури.

Црвениот крст соопшти дека преку нивната банкарска сметка за помош досега се донирани над 4,7 милиони евра.

Се поставуваат мобилни и камп-куќички, како и контејнери, за кои и понатаму постои огромна потреба.

Поврзани содржини