ШТЕДЕТЕ ВОДА ВО БАЗЕНИТЕ, ЌЕ НЕМА ЗА ПИЕЊЕ Рационално со водата, пријавувајте диви приклучоци
„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација.
Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 степени, како и од податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, јавното претпријатие упати апел до граѓаните на Скопје за рационално користење и употреба на водата.
„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, се вели во соопштението.
Се апелира до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS. Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело.