ШТАМА ОД БУГАРИЈА Виси во воздух средбата помеѓу Радев и Сиљановска во Хаг

Ако може да се сфати како одбивање, тогаш тоа е изјавата на европратеникот Андреј Ковачев кој вели дека на Бугарија не ѝ е потребна никаква медијација. Од ова можеме да заклучиме дека тие практично ја одбиваат отворената понуда којашто овде во Скопје неодамна ја даде минитерката за надворешни работи на Австрија, порача премиерот Христијан Мицкоски.

1,039

До овој момент не сме добиле никаков коментар од страна на Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев околу можната средба на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот колега во Хаг во рамки на самитот на НАТО, туку работите ги дознаваме само преку медиумите.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, посочувајќи дека бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев веќе дал изјава со која практично се одбива предлогот на министерката за надворешни работи на Австрија.






– Ако може да се сфати како одбивање, тогаш тоа е изјавата на европратеникот Андреј Ковачев кој вели дека на Бугарија не ѝ е потребна никаква медијација. Од ова можеме да заклучиме дека тие практично ја одбиваат отворената понуда којашто овде во Скопје неодамна ја даде министерката за надворешни работи на Австрија – рече Мицкоски.

Сиљановска Давкова во интервју за Радио Слободна Европа претходно изјави дека Македонија понудила неколку идеи за деблокирање на пристапниот процес, откако крајниот одговор од Брисел за уставни измени со одложено дејство е „не“.

Една од идеите е Европскиот парламент да донесе некаков акт – за состојбите меѓу Македонија и Бугарија. Можно е ова прашање да се отвори и во Европскиот совет преку давање некакви инструкции. И третата опција е потпишување на нов протокол во рамки на Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој би се гарантирало дека работата на историчарите од историската Комисија нема да претставува услов за интеграцијата, односно дека нема да биде основ за вето.

Од македонска страна неколку пати до сега е искажана подготвеноста за разговор со Бугарија во секое време и на секое место со цел надминување на блокадата.

Поврзани содржини