„Шпигл“: На германските аеродроми задолжително ќе се носат маски

Децата под шест годишна возраст би биле исклучени од обврската да носат заштитни маски на аеродромите. 

349

На сите германски аеродроми наскоро ќе биде воведена обврска за носење заштитни маски.

Германскиот весник „Шпигл“ пишува, повикувајќи се на владините пакет мерки и раководствата на аеродромите, дека постои потреба за маски, имајќи предвид дека не е можно да се гарантира константно почитување на растојанието на аеродромите.






Како што се наведува, многу е тешко да се држи растојание на безбедносните контроли и на предавањето на багажот.

„Шпигл“ укажува дека оваа мерка би можела да биде воведена за една недела.

Децата под шест годишна возраст би биле исклучени од обврската да носат заштитни маски на аеродромите. 

Поврзани содржини