ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ ДЕКА ПИКЕ ЌЕ СЕ ОЖЕНИ СО КЛАРА За неколку дена фудбалерот ќе ја објави веста за венчавката
Поранешниот фудбалер Жерар Пике (36) планира јавно да ја објави својата свршувачка со девојката Клара Чиа Марти (24), а потоа ќе се одржи и свадбена церемонија, пренесува „Дејли мејл“.
Откако ја изневерил Шакира со својата нова девојка, Жерар Пике наводно наскоро ќе ја објави свршувачката со Клара Чиа Марти. Шпанските медиуми тврдат дека двојката ќе се венча веќе овој месец, а свршувачката ќе ја објави на важен датум за Пике.
„Веста за нивната венчавка ќе биде објавен во јавноста на важен датум за Пике, на венчавката на неговиот брат Марк, кој на 24 јуни ќе се ожени со својата сакана од детството, Марија“, тврди извор близок до фудбалерот.
Жерар ја започнал својата љубовна афера со Клара во 2021 година, а набрзо потоа таа започнала да го посетува заедничкиот дом на фудбалерот и колумбиската пејачка Шакира.
Gerard Pique set to announce ‘engagement’ to girlfriend Clara Chia https://t.co/FASfBAhz60 pic.twitter.com/UPnFjWUPbb
— Daily Mail Online (@MailOnline) June 18, 2023
„Шакира често патуваше, а тој ја носеше Клара во нивниот дом. Шакира беше шокирана откако дозна дека ја изневерува многу подолго отколку што таа мислеше“, изјавил извор.
Жерар и Шакира никогаш не се венчаа, бидејќи како што изјави пејачката во една прилика, формалниот брак ја плаши.
„Не сакам да се мажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам Жерар да ме гледа како своја сопруга, туку повеќе како девојка, љубовница. Таа страст ми е важна, тоа е како забрането овошје. Повеќе сакам да мисли дека сè е можно во зависност од неговото однесување“, објасни Шакира во една прилика.
Шакира и Пике беа во врска 12 години и заедно ги имаат синовите Милан и Саша.
ФОТО: Инстаграм/Твитер