Шпанскиот премиер повика на претпазливост пред укинувањето на мерките

323

Шпанскиот премиер Педро Санчез го повика народот да продолжи да се пази во пресрет на утрешното укинување на режимот на зголемена готовност, воведен поради пандемијата на коронавирусот.

– Вирусот може да се врати и може да се соочиме со втор бран на зараза – изјави Санчез во телевизиско обраќање.






Утре во Шпанија се укинува карантинот и се отвораат границите за граѓаните на Европа.

Шпанските медиуми претходно јавија дека од средината на март, во Шпанија биле приведени повеќе од 9.000 луѓе за прекршување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Поврзани содржини