Шпанскиот крал ги замрзна платите на членовите на семејството

Кралското семејство годишно ќе заработува 507.700 евра, што е многу помалку во споредба со 2018 година кога таа сума изнесуваше 679.818 евра.

340

Шпанскиот крал Филип VI одлучил да ги ограничи годишните апанажи себе си, на сопругата и на неговата мајка, на кралиците Летиција и Софија, како и приходите да не им ги зголеми за 0,9 отсто колку што годинава им следува на сите државни функционери.

Податоците ги објави Кралската палата, претставувајќи го деталниот буџет за годинава, пишува ABC.






Примањата на таткото на кралот, Хуан Карлос кој му се одземени минатата година поради наводни финансиски неправилности, ќе бидат препратени на други „адреси“.

Годишните примања на кралот ќе бидат 253.850 евра бруто, неговата сопруга ќе зема 139.610 евра, мајката на кралот 114.240 евра. Според планираниот буџет двете ќерки Софија и Леонор нема да добиваат пари.

Кралското семејство годишно ќе заработува 507.700 евра, што е многу помалку во споредба со 2018 година кога таа сума изнесуваше 679.818 евра.

Поврзани содржини