Шпански произведувач на мртовечки ковчези вработува работници: Имаме осум пати повеќе нарачки

750

Додека повеќето компании во Шпанија се затворени поради вонредната состојба, произведувачите на ковчези поради коронавирусот работат 24 часа на ден и вработиваат плус работници.

– Сега доставуваме осум пати повеќе ковчези од порано – вели за медиумите Марија Чао, директорка на компанија со седиште во Мадрид.






– Само во Мадрид продаваме 300 ковчези дневно, иако Мадрид не е нашиот главен пазар, бидејќи повеќето ги дистрибуираме на северот на Шпанија, рекла таа.

За да го зголеми производството, компанијата во изминатите десет дена вработила уште шест работници на неодредено време.

Во Шпанија во вторникот од ковид-19 починале 743 лица, најмногу во последните три дена. Вкупно починати досега има 13.798.

Поврзани содржини