ШПАНСКАТА ВЛАДА ДЕМАНТИРА Во земјата нема истрага за Новак Ѓоковиќ
Претходно одредени медиуми објавија дека шпанската полицијата добила наредба од владата да истражи како Новак Ѓоковиќ влегол во таа земја. Ѓоковиќ беше во Шпанија од 31 декември до 3 јануари. Во тој период бил во Марбела, од каде заминал во Дубаи, а потоа во Мелбурн.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија ја демантираше веста дека против Новак Ѓоковиќ во Шпанија се води истрага.
Некои медиуми објавија дека Новак во декември влегол невакциниран и со тоа ги прекршил правилата, но истрага нема.
Портпаролот на министерството даде кратка изјава за Политико.
– Таа вест е лажна. Ниту владата нареди никаква истрага, ниту пак е покрената истрага од полицијата во врска со споменатиот спортист – рече портпаролот.
Претходно одредени медиуми објавија дека шпанската полицијата добила наредба од владата да истражи како Новак Ѓоковиќ влегол во таа земја. Ѓоковиќ беше во Шпанија од 31 декември до 3 јануари. Во тој период бил во Марбела, од каде заминал во Дубаи, а потоа во Мелбурн.
Шпанскиот закон за влез на граѓани од Србија во земјата вели дека „само државјани на Србија кои се целосно вакцинирани или имаат посебна дозвола можат да влезат во Шпанија“.
На Новак и понатаму му се заканува депортација од Мелбурн доколку министерот за емиграција, Алекс Хок, одлучи да го стори тоа, без разлика на одлуката на судот кој неодамна донесе одлука по жалбата на адвокатскиот тим на Новак.