Шпанската принцеза Леонор во карантин, соученичка позитивна на коронавирус

300

Шпанската престолонаследничка Леонор е ставена во карантин, бидејќи едно девојче со кое оди во исто одделение во едно мадридско училиште било позитивно на коронавирус, соопшти  шпанското кралско семејство.

Како што пренесува „Ројтерс“, 14-годишната принцеза, заедно со сите други ученици од нејзиното одделение, ќе бидат тестирани за ковид-19, а нејзините родители, кралот Фелипе и кралицата Летиција, засега ќе продолжат да ги извршуваат своите кралски должности.






Минатата недела, осум милиони ученици во Шпанија се вратија во училиштата, но во меѓувреме некои училишта беа затворени, бидејќи меѓу учениците се појави коронавирусот.

Во Шпанија пред два дена беа регистрирани 4.708 нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број на случаи достигна 566.326 – што е најголем во Западна Европа – а смртниот биланс во таа земја изнесува 29.747.

 

 

Поврзани содржини