Шпанската лига во април ќе ги враќа навивачите?

216

Претседателот на шпанската Ла Лига, Ксавиер Тебас, најави денеска можно враќање на навивачите на стадионите во април, во зависност од текот на процесот на вакцинирање против ковид-19.

Натпреварите во шпанската прва и втора лига се играат без навивачи од минатиот март, кога фудбалот во земјата беше во прекин три месеци поради пандемијата, а сезоната беше завршена во текот на летото.






Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за враќање на публиката на стадионите, Тебас рече дека сега е поголем оптимист и оти клучни ќе бидат следните неколку недели.

– Се ќе зависи од следните две или три недели. Доколку во февруари се зголеми бројот на вакцинирани и се намали бројката на заразени, постои можност навивачите во април и мај да дојдат на стадионите – оцени Тебас за „Кадера Сер“.

Тој додаде дека „сите се наоѓаме на крајот од тунелот“ во борбата против коронавирусот.

Поврзани содржини