Шпанска принцеза почина од коронавирус, прва жртва од кралско семејство

1,796

Шпанската принцеза Мариа Тереса (87) од кралското семејство Бурбон-Парма починала во петокот откако се заразила со коронавирус, пренесува „Мирор“.

Принцезата била позитивна на коронавирус, а таа е прва принцеза која е жртва на смртоносниот вирус.






Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврдил тажната вест за медиумите. Мариа Тереса е една од досега 5.000 починати жители во Шпанија од коронавирусот.

Мариа Тереса е родена во 1933 година, како ќерка на Хавиер и Маделин де Бурбон, а во текот на животот не се мажела ниту имала деца.

Животот го поминала во Мадрид.

 

FOTO: Instagram @royalfamilyintheworld/https://www.instagram.com/p/B-O3YY2nSNg/Henry

Поврзани содржини