ШПАНСКА ПЕЈАЧКА УКРАДЕ ХИТ НА ДАРА БУБАМАРА Со плагијат ќе настапи на Евросонг, медиумите пишуваат за измамата (ВИДЕО)
Пејачката Шанел ќе настапи со песната „SloMo“ за која велат дека е плагијат на „Extravagantno“, дури и Дара Бубамара реагираше на социјалните мрежи.
Шпанците викендов ја избраа песната за овогодишниот „Евросонг“ во Торино. Станува збор за „SloMo“ на пејачката Шанел.
Но, по изборот, многумина препознаа плагијат кон српската турбо-фолк пејачка Дара Бубамара и на нејзината песна „Extravagantno“ од 2017 година.
И Србинката ја сподели песната на Инстаграм, со кус саркастичен коментар – „Малку сте ме ископирале“.
