ШПАНКАТА КОЈА ПЕЕШЕ СО ХАЛИД БЕШЛИЌ ВО САРАЕВО, СЕ ПРОСТИ ОД ПЕЈАЧОТ Лаура објавуваше на социјалните мрежи снимки од себе како ги пее песните на Халид

Легендата е замината, но неговите дела живеат засекогаш. Привилегија е што моето име засекогаш ќе биде поврзано со неговото. Почивај во мир - напиша Шпанката Лаура Марин која беше најголема обожавателка на Халид Бешлиќ и на неговите песни, а заедно настапија и на концертот во Сараево во 2023-та.

893

Во март 2023 година, Шпанката Лаура Марин (20) пееше со Халид Бешлиќ на концерт во Сараево, откако тој ја покани да биде негова гостинка.

Веста за смртта на Халид ја потресла Шпанката која објави емотивен текст заедно со серија фотографии со Халид.






– Кога во јануари 2023 година, новинарот Владимир Чолаковиќ ми објасни дека Халид Бешлиќ сака да пеам на неговиот концерт во Сараево, не можев да поверувам. Кој можеше воопшто да поверува?

Халид е првата личност со која пеев, првата личност поради која отидов на Балканот. Човекот со кој разговарав за сè, кој ми даде совети и за мојата кариера и за животот (особено ја ценам неговата прегратка и насмевка кога му кажав дека сум се запишала на Филолошкиот факултет).

Човек на кого ќе му бидам вечно благодарна, кој ми ја даде животната шанса и ми отвори многу врати. Ми даде крилја. Со неговите песни, како тинејџерка сонував за животот што го имам во моментов.
Беше радост да го запознаам лично и да бидам сведок што е љубезност и колку далеку може да се стигне со љубезност. Легендата е замината, но неговите дела живеат засекогаш. Привилегија е што моето име засекогаш ќе биде поврзано со неговото. Почивај во мир – напиша Лаура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Marín (@zovemselaura)

Како Халид слушнал за Лаура?

Лаура објавувала снимки од себе како ги пее песните на Халид на социјалните мрежи. Кажала дека Халид Бешлиќ е еден од нејзините омилени пејачи.

– Дознав за Лаура Марин преку медиумите, бев трогнат од нејзината приказна за овие места, нејзината љубов кон нашиот јазик, нашата музика и нашата култура. Лаура е светла точка во овие тешки времиња – изјавил Бешлиќ во тоа време за Дневни аваз.

Затоа, ја поканил и таа отпеа некои од неговите хитови заедно со него на неговиот концерт во Сараево.

Да потсетиме дека Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст. Тој ги помина последните денови од животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, на Одделот за нефрологија. Претходно, го откажа концертот што требаше да го одржи во Градачац на 27 август, а веќе тогаш беше нагласено дека има здравствени проблеми и дека почнува со рехабилитација. Подоцна беше откриено дека Бешлиќ бил префрлен на Одделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.

Поврзани содржини