Шпанија VS Јужна Кореја: Имаат ист број на население, но драстично различен број на жртви – една работа ја чини клучната разлика
Двете земји имаат приближно ист број на население (Јужна Кореја 51 милиони и Шпанија 47 милиони), но бројот на болни и починати е многу различен.
Кога коронавирусот штотуку почна да се шири низ целиот свет, се чинеше дека Јужна Кореја ќе биде една од неговите најголеми жртви, пред се поради големиот број на пациенти. Сега ситуацијата е многу различна.
Јужна Кореја имаше голем број на заболени, но не и мртви. Тоа е затоа што таа земја започна со време да спроведува една од најважните мерки во борбата против коронавирусот, а тоа е рано масовно тестирање. А тука беа и некои некои други мерки што многу други држави сè уште не ги спроведуваат.
Ова најдобро се гледа кога се споредуваат Јужна Кореја и Шпанија.
Двете земји имаат приближно ист број на население (Јужна Кореја 51 милиони и Шпанија 47 милиони), но бројот на болни и починати е многу различен.
Како пример, ако го земете 7 март – тогаш во Јужна Кореја биле пријавени 7.041 заболено лице, додека околу 500 биле пријавени во Шпанија.
Сепак, бројот на новозаболени во Шпанија оттогаш се зголемува од ден на ден. Споредувајќи ги податоците од 2 април, 9.976 се пријавени во Јужна Кореја, а дури 112.065 во Шпанија.
Во Шпанија, заедно со бројот на нови пациенти, скокна бројот на жртви.
Иако вирусот пристигна во Јужна Кореја многу порано отколку во поголемиот дел од светот, на 20 јануари, земјата досега има регистрирано најмалку 10.237 заразени со 183 смртни случаи.
Од друга страна, Шпанија, која го пријави првиот случај на 31 јануари, денес е втора според бројот на жртви (повеќе од 12.400 лица), веднаш зад Италија, а по бројот на заболени исто така е втора по големина (135.000) зад САД, според „Worldometers“.
Масовно тестирање се спроведува во Јужна Кореја (десетици илјади луѓе се тестираат секој ден), а кај сите кои е потврдено дека се заразени со вирусот се ставени во карантин, дури многу пред тие и да стигнат да заразат друг.
Покрај тоа, во Јужна Кореја се спроведуваат обемни пребарувања на лица кои можеби биле во контакт со заразените, честопати преку мрежите за надзор, како што се безбедносните камери.
Но, треба да се напомене и дека во Јужна Кореја на сите им се советува да носат заштитни маски.
Средствата за дезинфекција на рацете се инсталирани на станиците за јавен превоз и влезовите во зградите, јавува „Би-Би-Си“. Владините знаци за предупредување се насекаде. Тие велат:
– Постојат три начини да се спречи понатамошна инфекција: да носите маска постојано; правилно да ги миете рацете со сапун повеќе од 30 секунди; покријте ја устата кога кашлате.
Сите овие мерки се чини дека се ефективни. Веројатно ќе биде подобро доколку земји како што е Шпанија да започнеа навреме масовно тестирање и слични препораки. Можеби денес, нивните лекари не би имале полни раце работа за да се справат со болните и да донесат тешки одлуки за тоа кој да се лекува, а кого да препуштат на судбината.