Шпанија воведува распоред кој и кога може да излезе надвор според возраста
Во местата со повеќе од 5.000 жители ќе биде воведен распоред кој на улиците ќе го контролира полицијата. Распоредот е поделен за луѓе од три генерации.
Владата во Шпанија во сабота ќе им овозможи на жителите да излезат еден час за да можат индивидуално да спортуваат или да се шетаат.
Министерот за здравство Салвадор Ила треба да го претстави планот што ќе им овозможи на жителите да излезат еден час во сабота. Се очекува да се утврди според возраста колку може некој да биде на улица.
– Сега ќе биде потребна одговорност, одржување на хигиена и оддалеченост од други лица – рече министерот за здравство Салвадор Ила на конференцијата за медиуми најавувајќи ублажување на мерките.
Во местата со повеќе од 5.000 жители ќе биде воведен распоред кој на улиците ќе го контролира полицијата. Распоредот е поделен за луѓе од три генерации.
Жителите на возраст меѓу 14 и 70 години смеат да излегуваат од 6 до 10 часот наутро. Кога тие ќе се вратат дома, ќе излезат лицата постари од 70 години од 10 часот наутро до пладне.
Од пладне се до 19 часот смеат да излегуваат деца до 14 години.
После тоа повторно можат да излезат пензионерите до 20 часот. По нивната прошетка повторно ќе виде дозволено излегување на поголем дела од жителите на возраст од 14 до 70 години, се до 23 часот.
– Дозволено е излегување само еднаш во денот – предупреди министерот Ила.
Околу 47 милиони луѓе се во своите домови од 14 март, одејќи само во продавници за храна, аптеки, болници, киосци, банки, бензински пумпи и на кратка прошетка на миленците. Децата се затворени 42 дена, а од неделата излегуваат по еден час во придружба на нивните родители.
– Мораме да се чуваме од еуфорија. Таа би можела да биде опасна. Владата затоа воведе распоред за да не излегуваат сите наеднаш на улица. Ќе биде дозволено да се оддалечуваат најмногу километар од своите згради и куќи – рече шефот на лекарската служба Фернандо Симон на конференцијата за медиуми.
Во земјата инфицирани се 213.435 лица, така што Шпанија сè уште има најголем број пациенти во Европа.
Денеска починаа 268 лица, најмалку во последниот месец. Шпанија со вкупно 24.543 смртни случаи има најголем број жртви на светот по САД, Италија и Велика Британија.
Лекарите и медицинските сестри излекувале 112.050 жители, повеќе од половина од заболените.