ШПАНИЈА ОБЕЗБЕДИ ОСМИНАФИНАЛЕ „Црвената фурија“ ја победи Италија со автогол на Калафиори
Шпанија води на табелата со максимални 6 бодови, пред Италија (3), Албанија (1) и Хрватска (1).
Шпанија вечерва во Гелзенкирхен славеше минимална победа против Италија со 1-0 (0-0) во второто коло од групата Б на Европското фудбалско првенство. Со втората победа во групната фаза, Шпанците веќе обезбедија пласман во осминафиналето на ЕУРО 2024.
Победничкиот гол за Шпанија всушност беше автоголот на Рикардо Калафиори во 55.
Во првото коло двете селекции победија, Шпанија против Хрватска (3-0), а Италија против Албанија (2-1).
Шпанија води на табелата со максимални 6 бодови, пред Италија (3), Албанија (1) и Хрватска (1).
Во последното трето коло Шпанија ќе игра со Албанија, а Италија со Хрватска.