Шпанија му објави војна на ковид-19, војската излегува на улиците

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.

656

Властите во Шпанија објавија дека во борбата против пандемијата на коронавирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените.

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.






– Не можеме да дозволиме пандемијата повторно да почне да ја презема контролата врз нашите животи. Контролата мора да ја преземеме ние и да ја разбиеме втората крива на раст на бројот на инфекции – рече Санчез.

Во Шпанија до сега се регистрирани повеќе од 405.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 28.800.

Поврзани содржини