Шпанија е пред нова вонредна состојба

Владата на Санчез доцна синоќа објави дека повеќето од шпанските регионални лидери се согласиле за нова вонредна состојба, а условите треба да бидат разгледани на денешниот состанок.

325

Шпанскиот премиер Педро Санчез свика итна седница на Владата денеска за да подготви нова вонредна состојба со цел да се запре повторното ширење на новиот коронавирус.

Ова ќе и овозможи на Владата да воведе полициски час и други ограничувања низ целата земја.






Владата на Санчез доцна синоќа објави дека повеќето од шпанските регионални лидери се согласиле за нова вонредна состојба, а условите треба да бидат разгледани на денешниот состанок.

Вонредната состојба и дава на националната Влада вонредни овластувања, вклучително и можност за привремено ограничување на основните слободи загарантирани со шпанскиот Устав, како што е слободата на слободно движење.

Поврзани содржини