📽️ „ШПАНЕЦ“ СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ Легендарниот воз е целосно модернизиран и со нов дизајн
МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“ со нов дизајн, современа опрема и засилени безбедносни системи.
Легендарниот воз „Шпанец“, кој со години беше заборавен и речиси отпишан, се враќа на голема врата.
Информацијата на Фејсбук ја објави директорот на МЖ Транспорт, Игор Коруновски, кој соопшти дека денес бил тестиран целосно обновениот и модернизиран воз.
„Денес го тестиравме целосно обновениот и модернизиран воз со нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор. Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек. Следуваат уште новости – останете со нас“, напиша Коруновски.