🎥 ШПАНЦИТЕ Ѝ ЈА УКРАЛЕ ПЕСНАТА НА НЕДА УКРАДЕН ЗА ЕВРОВИЗИЈА Пејачката се огласи и откри дали ќе ги тужи

Откако на социјалните мрежи почна да кружи веста дека одреден број луѓе ги обвинуваат овогодинешните претставници на Шпанија на Евровизија дека ја „украле“ песната „Бомба“ на Неда Украден, и пејачката се огласи за српски „Телеграф“.

3,341

Откако на социјалните мрежи кружи веста дека одреден број луѓе ги обвинуваат овогодинешните претставници на Шпанија на Евровизија дека ја „украле“ песната „Бомба“ на Неда Украден, и пејачката се огласи за српски „Телеграф“.






Неда сега откри дали ќе ги тужи претставниците на Шпанија на Евровизија.

– Само што пристигнав од Америка, доаѓам при себе. Го слушнав тоа, не го преслушав внимателно, но ако е вистина, прво тоа ми е комплимент, а второ, ако тоа навистина е плагијат, ќе се договорам со авторот, постои начин тоа да се санкционира – рекла Неда за „Телеграф“, па продолжила:

– Ќе се договорам со авторот Душан Бачиќ, тој е овде во Белград, можеби е слично за неколку тактови или нешто во изразот, но ако е поголема копија, тогаш секако подлежи на санкции за авторски права, па лесно ќе реагираме ако е копија. Но, мислам дека сите се воздржуваат од таа „буквална“ кражба, туку едноставно преземаат некој сегмент кој добро се вклопува во нивната нова претстава. И мислам дека нашата музика генерално се слуша многу повеќе отколку што се претпоставува и во другите европски земји.

 

 

Да потсетиме, Шпанија ја претставува групата „Небулоса“, а нивната песна „Zorra“ наводно многу потсетува на „Бомба“ на Неда.

„Извинете Шпанци, но ја имавме Неда Украден уште пред 4 години“, се наведува во едно од објавите на мрежите.

„Пресмешно е“, „Не е дека нема сличности“, „Сега кога Неда им објаснува дека тоа не може така“, „Одиш на Евровизија и те обвинуваат дека си копија, па подобро да не оди“, се дел од коментарите.

 

Поврзани содржини