Шпанците гневни: Телото на едно од двете исчезнати девојчиња најдено во море врзано за сидро
Главен осомничен е нивниот татко Томас Г.. Тој уште во април не ги вратил децата на мајката од која бил разведен.
Граѓани протестираа синоќа на улиците низ Шпанија изразувајќи тага и гнев откако спасувачите го пронајдоа телото на шестгодишно девојче Оливија врзано за сидро во водите на океанот околу Тенерифе.
Спасувачите сѐ уште ја бараат нејзината помала сестра, едногодишната Ана, а главен осомничен е нивниот татко Томас Г.. Тој уште во април не ги вратил децата на мајката од која бил разведен. Засега нема никаква трага и од таткото.
Телото на малата Оливија е пронајдено на длабочина од 1.000 метри во спортска торба, врзано со сидро, во близина на местото каде што пловел бродот на нејзиниот татко. Во близина е пронајдена и празна спортска торба.
Властите побараа интензивно да се трага во тој предел откако предметите на таткото беа пронајдени во морето.