📽️ ШОУТО НА МЕГАН МАРКЛ Е ПРЕД ФИЈАСКО „Измачувачка е леснотијата како таа прави свеќи од мед и џем од малини“
Шоуто беше промовирано на 4 март и има осум епизоди, во кои таа нагостува различен пријател, нудејќи корисни совети и трикови за тоа како да се биде врвна готвачка и домаќинка, но споделува совети и за градинарски работи. Серијата е оценета со 2,4 од 10 на „ИМДБ“, а има оценка од 33 отсто на „Ротен Томатос“.
„Со Љубов, Меган“, новото лајфстајл шоу на Меган Маркл кое се емитува на „Нетфликс“ доби неочекувано лоши критики. Оценките засега се мошне поразувачки за неа и за нејзиниот сопруг, принцот Хари. Инаку, Меган Маркл за снимањето изнајмила куќа вредна осум милиони долари.
Шоуто беше промовирано на 4 март и има осум епизоди, во кои таа нагостува различен пријател, нудејќи корисни совети и трикови за тоа како да се биде врвна готвачка и домаќинка, но споделува совети и за градинарски работи.
Како и во повеќето други содржини поврзани со инфлуенсери, Меган ја покажува навидум леснотијата со која сите би можеле да постигнат совршен животен стил. Меѓу гостите во нејзиното шоу се актерката и писателка Минди Калинг, актерката Абигејл Спенсер и спортистката и инфлуенсер Делфина Блакиер.
Серијата е оценета со 2,4 од 10 на „ИМДБ“, а има оценка од 33 отсто на „Ротен Томатос“.
Шоуто, очекувано, најмногу е критикувано од британските медиуми, кои го нарекоа „измачувачко и исцрпувачко“.
Според критичар на „Гардијан“, шоуто е невкусно и е „трето последователно разочарување“ што Меган и Хари го продуцираа за Нетфликс.
Британскиот весник „Тајмс“ во рецензија со две ѕвезди објави дека Маркл е талентирана за креативно претставување, но го критикуваше „очајниот оптимизам“ на серијата и ја критикуваше Маркл што „го претставува своето екстремно богатство и неверојатно ексклузивен начин на живот како да е достапен за секого“.
Телеграф, кој го оцени шоуто со 2/5 ѕвезди, во својата рецензија споменува нарцизам.
„Меган ги кани луѓето во својата лажна куќа и тие и кажуваат колку е неверојатно. Ова се случува во сите осум епизоди“, напишала критичарката Анита Синг.
Некои публикации беа помалку остри во нивните критики, вклучувајќи го и „Вог“, кој рече дека аранжирањето и готвењето на Меган биле интересни и ја покажале нејзината страст.
Си-Ен-Ен издвои пет интересни моменти од првата епизода на новата серија:
1. Меган прави купки од сол
Подготовката за гостите изгледа речиси како ритуал за Меган и таа ги споделува своите совети како најдобро да ги пречекате во вашиот дом.
2. Меган ужива во пчеларството
Серијата започнува со Меган која гледа како пчелар отвора кошница за да го собере медот.
3. Правење свеќи
Подоцна, Меган го гребе медот од рамката на кошницата, а потоа прави свеќи од пчелин восок.
4. Совети за готвење
Во првата епизода Меган постојано се навраќа на идејата дека ситните детали прават разлика при готвењето, изработката и украсувањето и нуди совети.
5. Домашен џем од малини
Џемот што Меган го користи за украсување на тортата е со малини од нејзината градина.