📽️ ШОУ ВО ТАЈВАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Пратеник го украде законот, а потоа…
Видеото споделено на социјалната мрежа Икс, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на пратеникот.
Инцидентот се случил денеска, непосредно пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг-те да ја преземе функцијата, пренесе Јутарњи лист.
Утринската седница веќе била напната, пратениците викаа и се туркаа, уште пред да се донесе законот. Ситуацијата ескалирала кога пратеникот, кој го добил прекарот „Бил бандит“ го грабнал законот и истрчал кон излезот, додека останатите го бркале.
Видеото споделено на социјалната мрежа Икс, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на пратеникот.
🚨🇹🇼#BREAKING: A member of Taiwan’s parliament stole a bill and ran off with it to prevent it from being passed.
LMFAOOOOOO 😭😭😭
— Censored Men (@CensoredMen) May 17, 2024
„Тој ги зеде работите во свои раце! Вакви ситуации гледаме само во филмовите“, напишал еден корисник во коментар, додека други шпекулираат дека Тајван ги произведува повеќето компјутерски чипови во светот, но судејќи според видеото, можеби Тајван нема фотокопири.