ШОТЧЕ ОД КУРКУМА? Како се прави и кои се здравствените придобивки од овој шот од најздравиот жолт корен?
Шотот со куркума е многу здрав и вкусен начин да го внесете овој здрав и корисен зачин во вашето тело
Изразот „шот“ обично се користи за алкохолните пијалаци кои се пијат на екс. Името доаѓа од од англиските зборови shot и shooter („истрел“ или на барменски жаргон: „на екс“, „во еден здив“), што всушност го подразбира начинот на кој се пие – брзо и кратко, без колебање.
Овој шот со куркума е многу здрав и вкусен начин да го внесете овој здрав и корисен зачин во вашето тело. Станува збор за мал концентриран пијалак направен од свеж корен од куркума или куркума во прав, обично во комбинација со ѓумбир, сок од лимон, црн пипер и мед.
Куркумата отсекогаш била позната по своите лековити својства, но ние додаваме само прстофат од неа за време на готвењето. Постојат здрави и вкусни начини да го вклучиме овој магичен зачин во нашата исхрана, а еден од нив е и шотот од куркума. Иако може да изгледа дека станува збор за силен пијалак, шотот од куркума е многу вкусен и може да се направи уште повкусен со додавање на други состојки како ѓумбир, јаболков оцет, па дури и ананас, додека медот ја надополнува сладоста.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.